– Ги научивме грешките од минатото и втор пат нема да дозволиме да ни се повтори. Вака премиерот Христијан Мицкоски предмалку го соопшти името на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од нивните радови, одлука која како што рече е донесена на денешниот ИК на партијата.
Актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓоеѓиевски, ќе се трка да ја наследи Данела Арсовка информира премиерот Мицкоски кој меѓу другото ги соопшти и имињата на кандидатите и на дел од останатите општини за каде до сега немаа донесено одлука.
На ИК на ВМРО – ДПМНЕ било одлучено за Гази Баба кандидат да биде актуелниот градоначаник Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукровски кој доаѓа од приватниот сектор, за Лозово актуелниот Бошко Цветкоски, за Пехчево актуелниот Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиевски, за Зрновци актуелниот Борче Коцев.
На Орце му порача дека од него очекува да ги реши клучните проблеми со хигиената, превозот и урбаниот хаос.
Според партиските анкети Орце водел убедливо пред сите негови ривали, а според Мицкоски таа разлика изнесувала и за пет пати повеќе.