Вести Свет

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Лидерот на Хезболах, Наим Касем, изјави дека движењето нема да се разоружа сè додека Израел целосно не се повлече од јужен Либан и не ги прекине воздушните напади.

Обраќајќи се преку видео-порака по повод шиитскиот празник Ашура, Касем истакна дека отпорот е неопходен за заштита на либанскиот народ од израелска агресија.

Оваа година Ашура се одбележува во сенка на последната војна меѓу Хезболах и Израел, која заврши со примирје посредувано од САД во ноември.

Израелските напади за време на конфликтот го уништија голем дел од арсеналот на Хезболах и го убија неговиот поранешен лидер Хасан Насрала.

И покрај примирјето, Израел и понатаму контролира пет стратешки точки долж границата и спроведува речиси секојдневни воздушни напади, при што досега загинале околу 250 лица, а повеќе од 4.000 за време на самата војна, според либанското Министерство за здравство.

Изјавата на Касем доаѓа пред очекуваната посета на американскиот пратеник Том Барак во Бејрут, кој ќе предложи план за разоружување на Хезболах и целосно повлекување на израелските сили.

Барак во саботата објави на социјалната мрежа X дека Либан се наоѓа пред „историски момент“ да ја надмине сектарската поделеност и конечно да го реализира визионерскиот идеал – „Една земја, еден народ, една армија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе