Вести Македонија

Жерновски го повика Костадинов да се повлече од делување надвор од партијата

Повик за смирување на страстите и рационално размислување упати членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, по партиските превирања откако струмичкиот градоначалник, кој не беше повторно кандидиран, го замрзна членството и најави внатрепартиско делување. Го повика Костадинов да се воздржи од правење на раздор и да помогне за обединување на партијата.

За констатацијата на струмичкиот градоначалник дека, со такво раководство е многу и ако се победи во една општина, вели дека се побива со самото тоа што се води битка за кандидатура.

-Гледајте ја битката, каде што има битка, има шанса и за победа. Ваква атмосфера се прави онаму каде што има шанса да се победи, а  не каде што се најавува неуспех. Јас верувам дека градоначалникот на Струмица сака партијата да победи и затоа го повикувам да ја повлече иницијативата да делува надвор од партиските органи. Ако сакаме СДСМ да победи, не треба да правиме раздор, туку да ги обединиме сите сили, повика  Жерновски.

Откако Филипче објави дела партијата ќе го кандидира Марјан Даскаловски, Костадинов не престанува да пишува критики на Фејсбук за актуелното партиско раководство.

Вчера најави и консултации со граѓаните за независна кандидатура за градоначалник и две независни советнички листи: за турската и ромската заедница и за визија и развој.  Но денеска се предомисли- нема намера да биде алиби за поразот на СДСМ во Струмица, ќе се повлече во тишина и ќе прави планови за по изборите.

Од оваа партија досега објавија 30 кандидати, а главниот адут-за Град Скопје, го чуваат за крај. Како едно од можните имиња во јавноста се спомнува и името на Жерновски, но и на архитектот Мишко Ралев и екс-министерката, Каја Шукова.

Утре, по седницата на Извршниот комитет на партијата, ќе се знае и кандидатот на ВМРО ДПМНЕ. Јавноста веќе шпекулира дека за оваа позиција ќе биде кандидиран актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе