Ссообраќајна несреќа со смртни последици се случи вчера (30 јуни) околу 13:45 часот на улицата „Шар планина“ во Скопје. Мотоцикл од марката БМВ, со бугарски ознаки, управуван од 22-годишниот М.О. од Скопје, удрил во пешакот К.Г. (72), исто така од Скопје.
Министерството за внатрешни работи (МВР), информира дека 72-годишниот пешак починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Извршен е увид, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.