Вести Македонија Топ вести

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки, претежно суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија. Истовремено, се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки од САД.

Министерството за финансии во соопштение посочува дека измените се дел од реализацијата на Програмата за работа на Владата 2024-2028, која предвидува постепена хармонизација на царинските стапки со оние што важат во Европската Унија, прилагодено на економските потреби на македонското стопанство.

Потсетува дека законот е подготвен во консултација со стопанските комори и истакнува дека претставува продолжување на политиките за поддршка на бизнис заедницата. Главна цел, потенцира Министерството, е зголемување на конкурентноста, поттикнување на извозот и привлекување на нови инвестиции, особено во преработувачката индустрија, металургијата, автомобилската индустрија и енергетиката.

Намалувањето на царинските стапки е направено за 50 проценти од разликата меѓу постојните стапки и оние што ги применува ЕУ, во согласност со правилата на Светската трговска организација.

Според Министерството за финансии, особено значајна е мерката за намалување на царинската стапка на литиум-јонските батерии за складирање електрична енергија, што ќе придонесе за развој на енергетскиот сектор, подобрување на стабилноста на електроенергетскиот систем и поддршка на инвестициите во обновливи извори.

Дополнително, укажува Министерството, целосната либерализација на увозот на стоки со потекло од САД има за цел да ја засили конкуренцијата на домашниот пазар и испраќа позитивна економска порака во меѓународната трговија, со што се поттикнува воспоставување на реципроцитет и продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 луѓе загинаа, над 300 се повредени – руски напад врз Днипропетровск

Дејан Дејан

(Видео) Трагедија во Кочани, милијарди од Унгарија и В. Британија – Телма анализа на првата година од мандатот на владата

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе