Вести Свет

(Видео) Возач на камион остана да виси во кабината – обилни поплави во Кина урнаа виадукт

Најмалку 300.000 луѓе се погодени од огромни поплави во јужната кинеска провинција Гуангдонг, во која дождовите не престануваат веќе една недела. Жители на најмалку два града покрај река денеска добија апели за евакуација.

На автопатот кон Ронгјианг утрово околу 7:40 часот се урна виадукт, откако свлечиште ги урна бетонските столбови и дел од асфалтот во провалија. Возач на камион остана беспомошен во кабината да виси, чекајќи ги службите за спасување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @climate.apocalypse

Поплавите го парализираа локалниот сообраќај во градовите, а низинските подрачја, вклучително и подземни гаражи и подруми на трговски центри се поплавени во целост, јавува „Ројтерс“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешната министерка Каја Шукова предлог за градоначалник на Град Скопје од СДСМ

Дејан Дејан

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше промовирана новата артилериска опрема за Македонската армија

Дејан Дејан

Што барале непрописно паркираните службени возила на вицепремиерите Меџити и Фетаи, на полноќ и во близина на партискиот штаб на Вреди?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе