Вести Македонија Топ вести

Најмногу пријавени колапси од топлото време во Итната медицинска помош

Зголемувањето на температурите неделава предизвикало поголем број на јавувања на телефонот 194, на Службата за итна медицинска помош , а со тоа и на бројот на интервенции. Високите температури, особено од петокот наваму, предизвикале најмногу колапси кај граѓаните, но службата интервенирала и за други случаи.

  • Денеска само што ја почнавме смената имавме 4- 5 интервенции кај хронично болни на кои им е влошена состојбата поради промена на времето. Имавме од петокот до денешнава смена 8 сообраќајки, 11 колапси, тројца во алкохолизирана состојба. Еве , денеска имавме и пациент со епилептичен напад, кажа д-р Рихад Реџепи, шеф на смена во „ Брза помош“.

Хронично болните пациенти да земаат редовно терапија, ако им се влоши состојбата да го консултираат матичниот лекар. Ако тој не е достапен, да се јават во „Брза помош“, вели Реџепи. Доколку не се работи за животозагрозувачки случаи, од „Брзата помош“ повиците ги решаваат преку телефон, зашто според докторот, имаат само 5 екипи за цело Скопје во дневната смена.

Од утре е најавен пад на температурите, а таа промена не е добра за хронично болните граѓани, вели Реџепи.

  • Поготово на хронично болните ова им влијае многу. Значи варијации на крвниот притисок. И апелирам токму за оваа популација, да внимаваат, да си го измерат првин крвниот притисок, а потоа да ја пијат редовната терапија. Ако имаат нешто нејасно , слободно можат да ни се јават, вели Реџепи.

Покрај хронично болните, ранливи категории граѓани на високите температури се лицата над 60 години, бремените жени, децата, социјално загрозените граѓани и работниците на отворено. За заштита од топлото време Институт за јавно здравје упати препораки.

  • Избегнување на изложување на сонце (вклучително и работа на отворено) во период 11 – 17 часот.
  • Носете светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и капа со светла боја и широк обод.
  • Останете во затворени климатизирани простории.
  • При неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
  • Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.

Конзумирање умерена количина храна и избегнување масна и висококалорична, како и храна која содржи поголема количина шеќер. Пиење повеќе течности – најдобро е вода и избегнување алкохол, напивки со кофеин и екстремно студени пијалоци. Ако граѓаните се во паркирано возило да отворат прозорец за вентилација и да не оставаат никого во затворен автомобил. И да се тушираат по потреба, да ставаат ладни облоги и да ги чуваат нозете во студена вода, велат од ИЈЗ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе