Вести Македонија

Украле 37.000 евра од благајната на прилепската болница

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против две службени лица за проневера во службата. Осомничени се дека присвоиле пари од благајната, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги.

Во периодот од август лани до 30 април оваа година во својство на службени лица во прилепската болница, со цел да прибават за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати присвоиле парични средства од благајната, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, за 2024 година и  за 2025 година во вкупен износ од околу 37.000 евра,  со што е го оштетиле Буџетот на болницата.

По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција едно од лицата е обезбедено и е изведено пред јавен обвинител за понатамошно постапување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе