Вести Македонија

Гаши ќе презентира Извештај за сработеното во првата година од мандатот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе презентира Извештај по повод една година од мандатот. На денешен ден лани беше конституиран 11-от собраниски состав од почетоците на плурализмот во земјава.

За изборот на Гаши за претседател на законодавниот дом гласаа 76 пратеници, а шестминаа беа „против“. По изборот и давањето на свечената изјава, Гаши се обрати од собраниската говорница, прво заблагодарувајќи им се на граѓаните за довербата на парламентарните избори, а потоа и на пратениците за поддршката да го води законодавниот дом.

Во својата прва изјава како претседател, Гаши рече дека е свесен за одговорноста што ја презема, нагласувајќи дека во текот на неговото претседавање со законодавниот дом на секој пратеник ќе му биде гарантирано правото на изнесување на своите политички ставови и гледишта.

По повеќе од три децении демократија, рече Гаши, Собранието е вистинското место каде што треба на дело да покажеме дека ги почитуваме различните мислења.

Гаши ја презема функцијата од неговиот претходник Јован Митрески. Во изјавата по примопредавањето на функцијата, Митрески честитајќи му на Гаши за изборот, истакна дека Собранието е најважната институција во една држава и дека поради тоа е многу важно да продолжи да јакне независноста на законодавната власт во земјава.

Во собранискиот состав има пратеници од шест политички субјекти што учествуваа самостојно или во коалиција на парламентарните избори, со свои листи во шестте изборни единици. Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ има 58 мандати во Собранието, а коалициите „За европска иднина“ – СДСМ и „Европски фронт имаат по 18 пратенички места, „Вреди“ – 14 мандати, а партиите Левица и ЗНАМ по шест мандати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе