Вести Македонија Топ вести

За денес закажана расправа за разрешување на уште двајца членови на Регулаторна комисија за енергетика

За денеска закажана расправа за разрешување на уште двајца членови на Регулаторна комисија за енергетика. Станува збор за Лирим Сулејмани и Фатом Амбари. Претходно по предлог на Владата беа разрешени Андреј Тасев и Мерита Дема заради недостатоци во делот на исполнување на условите за нивно назначување.

Инаку, според новиот Закон за енегетика кој на сила треба да стапи до крајов на неделава членови на РКЕ од сега ќе можат да бидат лица кои работеле односно биле дел од управни и надзорно  одбори во енергетски компании дирекно и без претходно да имаат пауза од две години од оваа позиција нешто што се налагаше со прртходното законско решение.

Ова за дел од познавачите е спорно со образложение дека се отвара можност за манипулации односно лица од енергетски компании кои имаат свои интереси да влијаат во носењето на одлуките на регулаторна.

Сепак за дел од пратениците од владеачката ВМРО-ДПМНЕ кои го поднесоа амандманот со кој се предложи ова и беше прифатено тврдат дека простор за манипулации нема да има, а ќе може к поквалитетни кадри да бидат дел од ова тело. Инаку, РКЕ освен претседател и уште шест члена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Русија со нов меморандум подготвена за преговори со Украина

Дејан Дејан

Димовски: Не би сакал за секоја посета на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе