Уште еден инцидент на пешачки перемин. Момче на мотроцикл попладнево прегазил пешак во Кисела Вода. Очевидци велат дека кусо по несреќата момчето избегало, а повредениот со брза помош бил префрлен во болница.
И од МВР информираа за инцидентот. За Телма велат дека е пронајден малолетникот. Возел без возачка дозвола, мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.