Вести Македонија Топ вести

Меџити: Азир Алиу е предлог на „Вреди“ за нов министер за здравство, Арбен Фетаи во претседателството на партијата

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од „Вреди“ пред почетокот на Централното претседателство на партијата најави дека на вечерашната седница Арбен Фетаи ќе биде вклучен во раководството и ќе остане вицепремиер за добро владеење, а Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

„„Вреди“ е комплетиран. Вечерва ќе се кооптираат и 10 членови од Алијанса на Албанците на чело со Арбен Фетаи во претседателството на „Вреди“. Исто така е дефинирано тие да бидат дел од претседателството на „Вреди“, значи да ја тераме битката за локалните избори, битката за новата победа. Воедно, Фетаи останува вицепремиер за добро владеење, додека од „Вреди“ е предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство. За другите позиции во Владата ќе одлучи „Вреди“ во наредните денови“, рече Меџити.

Тој кажа дека нивниот предлог за министер за здравство деновиве ќе го поднесат до премиерот Христијан Мицкоски.

„Имаме разговарано, деновиве ќе го предложиме и официјално“, рече Меџити.

Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и дел е од Алијансата за Албанците која останува во „Вреди“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Русија со нов меморандум подготвена за преговори со Украина

Дејан Дејан

Димовски: Не би сакал за секоја посета на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе