Вести Македонија Топ вести

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Со осум гласа „за“ и пет „против“, Африм Фидани седнува во највисоката претседателска фотелја во судството. Од вработен во просвета, преку републички инспектор за труд, секретар во Општина Врапчиште, адвокат, па во 2011 година е првпат избран за судија директно во скопска Апелација. Во 2017 година унапреден е во врховен судија.

Противкандидатка на Фидани му беше доскорешната претседатлека Беса Адеми која доби два гласа „за“ и 11 „против“. За Фидани гласаа Исамедин Лимани, Џенета Бектовиќ, Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Аритон Ала и Ханиф Зендели. Двата гласа за Адеми дојдоа од Аритон Ала и Ханиф Зендели кои гласаа и за Фидани.

Членовите Антоанета Димовска, Ивица Николовски, Данка Ристова, Тања Чачрова Илиевска и претседателот Камбовски не гласаа за ниту еден од двајцата кандидати. Меѓу забелешките за Адеми се о тоа дека не соработувала со судскиот совет и за начинот на кој што го менаџирала судот, а за Фидани дека не се истакнал доволно за да биде претседател.

Судски го избра и претседателот на Кривичен, Иван Џолев за судија во скопска Апелација како еден од четворицата судии кривичари кои добија унапредување. Поддршка за Апелација добија и  неговите колешки од Кривчен, Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова, Бетим Јахја од тетовскиот суд.

Унапредување добија и шестмина судии за граѓанскиот оддел во скопска Апелација – Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани. Костадиновска е сопруга на претседателот на Уставниот суд. Тој на прашање на Телма вели дека унапредувањето на неговата сопруга се должи на нејзиното 25-годишно искуство во Граѓанскиот суд, осум години како стручен соработник и 17 години како судија.

„Таа е доктор на правни науки од областа на граѓанското право и автор на бројни научни трудови вклучително и на коментарот на законот за семејстбото. За нејзината стручност, квалификации и интегритет јас нема да коментирам, неблагодарно е, но за нив доволно говорат угледот, почитта и интегритетот кој го ужива помеѓу колегите во Основниот суд, како и рангирањето по конкурсот“, вели Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.

Силјаноска Костадиновска беше шесторангирана на листата за граѓански судии. Клетничка Марковска која беше прворангира на листата за кривични судии е сопруга на Сашо Марковски, надворешен советник на премиерот. Во разговор за Телма таа вели дека тоа немало влијание ниту пак е поврзано со нејзиното унапредување. Со резултатите од моето работење се запознат во судскиот совет, ни рече судијката Клетничка Марковска.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Русија со нов меморандум подготвена за преговори со Украина

Дејан Дејан

Димовски: Не би сакал за секоја посета на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе