Вести Македонија Топ вести

Филипче ги прифаќа идеите на Сиљановска, додава и свои

За СДСМ се прифатливи идеите на Сиљановска за одблокирање на евроинтегративниот процес, вклучително и таа, преку нов протокол, да се гарантира дека работата на историчарите од Комисијата нема да претставува услов за членство. Една од идеите е и Европскиот Парламент да донесе некаков акт за состојбите меѓу нас и Бугарија, а доколку тоа не се случи, решение да се бара преку Советот на ЕУ, кој би можел да даде некакви инструкции.

Венко Филипче, кој е претседател i на Националниот совет за евроинтеграција, жали што понудата за повторна лидерска средба му беше веднаш одбиена, затоа што смета дека за овие теми треба сите заедно да седнат и да поразговараат. Една од неговите идеи, пак, е и таа, во работата на Историската комисија да се вклучат странски експерти.

„Може да разговараме и да изнајдеме начин да се модифицира работата на историската комисија. Да побараме странски експерти да присуствуваат и да учествуваат во таа работа – на пример, луѓе коишто имаат искуство во работата на вакви теми. Германија со Полска, Германија со Австрија. Има простор за разговор на овие теми. Сметам дека најлошата работа е да не се обидеме ништо да направиме“, рече Филипче.

Неговата идеја за проширување на Историската комисија не е прифатлива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Сметаат дека ова прашање треба да се остави да го решава науката, а не политиката.

„Ова прашање треба да се остави да го решава науката, а не политиката“, рече Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Идеите од мaкедонска страна треба да се презентираат на средба на Самитот на НАТО во Хаг кон крајот на јуни, каде Сиљановска очекува да се сретне со својот бугарски колега, Румен Радев. На средбата би присуствувале и челниците на ЕУ, како и претставници на НАТО и САД.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Ноќна „битка со отад“ меѓу Арсовска и Ганиу пред Град Скопје

Дејан Дејан

Кина ја започна првата мисија за прибирање примероци од астероид

Дејан Дејан

Маск ја напушта советничката функција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе