За мене најдоброто нешто на Харвард е можноста да запознаеш прекрасни луѓе од целиот свет. Доказ за тоа е и самиот проект „Балкан трек“ да ги посетам Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, вели бразилецот Енрике Лејче кој е магистрант по развојна економија на универзитетот Харвард.
Да разговараш со паметни луѓе од овие земји и на тој начин да научиш многу од овие земји. Тоа не е само туризам, што секако е прекрасно да дојдам тука да го посетам Охрид на пример. Но повеќе од тоа е да разбереш како функционира политиката, културата како тое е составен дел од секојдневниот живот на луѓето, економијата итн, вели лејче.
Доколку ги имаме предвид актуелните случувања дека владата на Доналд Трамп му забрани на универзитетот Харвард прием на странски студенти, во овој случај неминовно е прашањето на кој начин тоа тоа ќе се рефлектира на сегашните и идните студенти.
Тоа е тешко прашање. Не знам… нема што повеќе да кажам за тоа да бидам искрен. Мислам дека тоа е нешто што Харвард треба да го реши со САД, јас не сум од САД, јас сум од Бразил и треба да почитувам што и да се случува во САД. Уживав голем дел од времето таму и тоа е она што можам да го кажам во моментов, рече лејче.
Студиите на Харвард и проектите меѓу кои е и „Балкан трек“, се ретка можност и да запозне Македонец – Лука Павиќевиќ кој во моментов студира на овој престижен универзитет на отсекот за историја и политички науки.
За мене Харвард е втор дом и секоја можност да се претстави родната земја и да се поврзат тие два дома е креативен предизвик, вели Павиќевиќ.
Мојот омилен македонски писател Влада Урошевиќ во едно интервју има кажано дека Другиот е нашето најверно огледало. Е сега студиското патување е некаков двоен дијалог. Зошто ? Учесниците ни доаѓаат од 15 различни земји Американци, Кинези и Индијци најмногу, меѓутоа и од многу други и нивната заедничка карактеристика е тоа што се студенти на Харвард. Во самиот универзитет тие се вклучени во еден меѓукултурен, меѓугенерациски дијалог ако сакате. Е сега штом доаѓаат на Балканот тие веќе влегуваат во тој втор дијалог, тие како Американци или како студенти на американски универзитет со луѓето од нашите земји, биле тоа Македонци, Црногорци, Албанци или Срби, рече павичевиќ.
Балкан Трек е иницијатива во чии рамки студентите од Харвард се запознаваат со политичката и економска ситуација во Западниот Балкан , со главен фокус на луѓе, проекти и идеи .
Нина Стефанова