11-годишниот Тони има единствена способност – блеска уште од раѓање. Неговите родители се обидуваат да го задржат дома за да го заштитат од надворешниот свет, но еден ден тој ја запознава Шели, мистериозна девојка која се вселува во еден од соседните апартмани пред божиќните празници. Тони го наоѓа својот прв вистински пријател во неа и некој кому може да му го открие светот на фантазијата во неговиот бункер за перници. Шели, пак, му покажува на Тони чудеснo фенерче со која може да создаде неверојатни слики и магични светови од обични нешта што само тие можат да ги видат. Заедно тие тргнаа во потрага по потеклото на мистериозниoт мрак на темнината кои ја исцедува сончевата светлина од нивната куќа.
Волшебната светлина е филм за тоа како е да се биде различен, приказна за пријателството и фантазијата, за светлината и темнината.