Вести Македонија Топ вести

Вработени во Центарот за социјални работи во Прилеп протестираат за нивната колешка која беше застрелана вчера

Вработените во Центарот за социјални работи во Прилеп, како и неколку други низ државата денеска во овие моменти протестираат пред зградата на институцијата во знак на поддршка за нивна колешка која беше застрелана вчера во просториите на Центарот за социјални работи Прилеп.

Телма информираше дека Социјална работничка вчера беше застрелана на своето работно место во Центарот за социјални работи во Прилеп од страна на 50 годишен маж, кој пред 4 дена побегнал од Психијатриската болница во Демир Хисар. Тој со пиштол ја застрелалал 36 годишната социјалана работничка, по што таа веднаш е префрлена во Прилепската болница, од каде велат дека жената е надвор од животна опасност,  со влезно излезна прострелноа рана, но во стабилна состојба.

50-годишниот маж и претходно бил осудуван за кривични дела сторени врз истата жртва – Еднаш на  1 година и 3 месеци задолжително лекување во Психијатриската болница од каде избегал, а другата казана е затворска но предметот  е се уште во битолска Апелација.

Избегал од психијатриската болница во Демир Хисар и пукал во социјална работничка од ЦСР Прилеп

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството и видеото со врзаното девојче

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе