Вести Свет

Американците денеска со Украинците, утре со Русите – нова рунда на мировни преговори во Саудиска Арабија

Делегации на САД и на Украина почнаа разговори во Саудиска Арабија. На дневен ред на состанокот се најде и предлог за заштита на енергетските објекти и критичната инфраструктура, објави украинскјиот министер за одбрана, Рустем Умеров на Фејсбук.

Умеров, кој ја предводи делегацијата на Киев, во објавата наведе дека спроведува директива на претседателот Володимир Зеленски за „постигнување на праведен мир и да се засили безбедноста на Украина“.

Денешниот состанок претходи на разговорите меѓу делегации на САД и на Русија закажани за понеделник, исто така, во Саудиска Арабија. Денешните и утрешните состаноци доаѓаат по низа одвоени разговори на Американците со украински и руски претставници во кои Киев го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот.

Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе се постигне широко примирје во рок од неколку недели, надевајќи се на мировен договор до 20 април, објави „Блумберг“, повикувајќи се на добро информирани извори во процесот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе