Вулкан на Хаваи создаде фонтана од лава, исфрлајќи ја вжештената магма во висина и над 100 метри. Ерупцијата започна на 23 декември, а вчерашната беше 12-та епизода на ерупција. Она што започна утрото со поодделни мали текови, се претвори во континуирано исфрлање лава во попладневните часови.
Ниту една населена област не е загрозена од ерупцијата. Голем број луѓе се собраа да го следат огненото шоу. Должината на ваквите продолженија на исфрлање лава во форма на фонтана варира од неколку часа до неколку дена.
Според опсерваторијата, епизодите се одделени со паузи кои траат од околу 24 часа до 12 дена.