Претседателот Володимир Зеленски изрази подготвеност да ја напушти функцијата, ако тоа би значело „мир за Украина“. Може да го сменам за влез во НАТО, изјави лично тој на денешниот форум „Украина, Година 2025“ во Киев, пишува „Киев Индепендент“.
Расправите за избори во Украина се засилија во последните месеци, иако воената состојба ги забранува. Зеленски, кој беше избран во 2019 година со мандат од пет години, се најде на критики на американскиот претседател Доналд Трамп кој неодамна го обвини дека не сака избори.
„Денеска сум фокусиран на сигурност, а не на тоа што ќе биде по 20 години. Не планирам да бидам на власт 10 години“, рече Зеленски на форумот.
Украина повеќе пати повтори дека нема да одржува избори додека не заврши војната, во рамки на воената состојба, со оглед дека Русија непрекинато ја бомбардира земјата и контролира, речиси, петтина од нејзината територија.
Украинските невладини организации тврдат дека организирање на избори за време на војна е „невозможно“, имајќи предвид дека на изборите мора да претходи стабилно примирје, поткрепено со безбедносни гаранции и соодветни подготовки на изборниот процес, вклучително и обнова на релевантна инфраструктура.
Администрацијата на Зеленски се обврза да одржи избори веднаш по завршување на војната, со цел на војниците и бегалците да има се овозможи сигурно учество во гласањето.
„Украинскиот консензус за избори најрано шест месеци по завршување на воената состојба го поддржуваат власта, опозицијата и општеството“, стои во изјавата на украинските невладини организации.
Според анкетата од овој месец, 69 отсто од Украинците сметаат дека Зеленски би требало да остане на должност до одржување на наредните избори по завршување на воената состојба. Неколку опозициски политичари, исто така, го поддржаа тоа, предупредувајќи на руски обиди за искористување на изборите за поделба на општеството.