Вести Македонија Топ вести

КОД: Таткото на Фросина за пресудата на Апелација – бараат жртвено јагне за своја одговорност

Во КОД вечерва интервју со таткото на Фросина Кулакова и реконструкција на кобната несреќа во која младата дизајнерка загина на зелено на пешачки премин во центарот на Скопје. По протестите, Апелација многу брзо ја донесе својата одлука за друг предмет во кој е обвинет возачот Васил Јованов и му пресуди затворска казна за дрога. Таткото на Фросина вели дека ова е само обид за спасување и наоѓање на жртвено јагне за судиската одговорност.

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

И други сообраќајни несреќи со жртви не се завршени, а судски процеси траат со години или пак не се реализираат малите затворски казни на возачите кои предизвикале смрт на пешачки премин. Во КОД информации за повеќе такви случаи, а емисијата е веднаш по вечерните вести на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе