Вести Најважни Свет

Дали DeepSeek претставува закана за американската национална безбедност, и предноста на САД во трката за вештачка интелигенција

САД ги разгледуваат потенцијалните последици врз безбедноста при евентуален кинески напредок во развојот на вештачка интелигенција. Ова го потврди портпаролка на Белата куќа, Каролин Ливит, по објавите во медиумите дека американската морнарицата им забранила на своите припадници да ја користат апликацијата на DeepSeek, поради можни безбедносни и етички ризици.

Во исто време, OpenAI компанијата која го разви ChatGPT вети дека ќе соработува со американските власти за да ги спречи конкурентите од преземање на нејзината технологија.

На почетокот на оваа недела, евтиниот но наводно моќен модел на вештачка интелигенција на DeepSeek предизвика сериозен пад на вредноста на американските технолошки компании.

Падот на нивната вредност беше предизвикан од популарноста на апликацијата на кинеската компанија која кај инвеститорите покрена прашањата за потребата од инвестирање милијарди долари во инфраструктура за развој на вештачка интелигенција, кога Кинезите успеваат да го постигнат тоа за само дел од тие средства.

Но, американската администрација се сомнева дека кинеските компании ги злоупотребуваат моделите на американските конкуренти, особено тие на OpenAI. Станува збор за процес наречен „дестилација на знаење“ (knowledge distillation) во кој еден модел на вештачка интелигенција учи од друг поразвиен модел.

Има значителни докази дека тоа што DeepSeek го направил овде е дестилација на знаење од моделите на OpenAI. Во следните неколку месеци, мислам дека ќе видите како нашите водечки технолошки компании преземаат мерки за да се обидат да ја спречат таа дестилација. Тоа дефинитивно ќе го забави развојот на некои од овие копирани модели, изјави за Fox News новоименуваниот „крипто цар“ на Белата куќа, Дејвид Сакс.

Малку подоцна во соопштение, OpenAI го тврдеше истото, дека кинеските компании постојано се обидуваат да дестилираат знаење од водечките американски компании во полето на вештачката интелигенција.

Како водечки развивач на вештачка интелигенција, ние постојано преземаме против мерки за заштита на нашата интелектуална сопственост, и убедени сме дека како што напредуваме тесната соработка со американската влада ќе биде од критична важност за заштита на најспособните модели, се вели во соопштението на OpenAI.

Во меѓувреме, DeepSeek продолжува да тврди дека е мета на постојани сајбер напади по ширењето на популарноста на нивниот модел и чатбот апликацијата.

Популарноста на DeepSeek се зголеми преку ноќ по лансирањето на нивниот модел и пофалбите кои ги доби од експертската јавност што резултираше со тоа за само неколку денови нивната апликација да стане најпопуларна. Таа популарност имаше ефект и врз американските технолошки компании, кои претрпеа удар затоа што општо прифатеното мислење на светската експертска и бизнис јавност беше дека САД се далеку понапред во трката за вештачката интелигенција.

Покрај тоа, изминативе неколку години САД и повеќето европски земји имплементираа бројни рестрикции за извоз на напредни чипови, и се веруваше дека овие мерки, барем во догледна иднина, ја гарантираа таа предност.

Обидувајќи се да го ублажи ударот од тие рестрикции, Кина во тој период инвестираше значителни средства во развој на технологии и хардвер, кои се дел од развојот на вештачка интелигенција.

Сепак, експертите сметаат дека предноста на САД е сѐ уште факт, затоа што во најмала рака, најголемите компании кои произведуваат високотехнолошки чипови се наоѓаат токму во Америка, од една страна, а од друга, сѐ уште не е сосема јасно како DeepSeek успеал да го развие својот модел.

Коментирајќи ги овие случувања, новиот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американските компании треба да ги сфатат како предупредување, посочувајќи дека во крајна сметка, може да се покаже како позитивно.

Не знае кој е македонски премиер, крие кинеска историја, но ги урна американските берзи за трилиони долари- Кинеска AI DeepSeek

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе