Вести Македонија Топ вести

Грција изјавата на Мицкоски дека македонското прашање не е решено го смета за провокација

Враќање на прашање кое беше затворено. Вака грчкото Министерство за надворeшни работи реагираше на изјавата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, дека македонското прашање не е решено. Мицкоски за тоа дека македонското прашање се уште тлее, ја даде за време на негово обраќање пред претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси во САД, во кое тој зборуваше за борбата на македонскиот народ за подобар живот и иднина.

„Таа борба за еден од најмалкубројните народи во Европа, тоа е македонскиот народ, се плашам дека не е доволно, дека ќе треба да победуваме, и тука во Вашингтон, и во Њујорк, и во Брисел, и во Берлин, и во Лондон, и во Париз, и во Рим и во други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска, бидејќи тоа не е решено. Тоа со векови тлее и трае и се уште постои“, рече Мицкоски во Њу Џерси.

Грчкото МНР во реакцијата на изјавата на Мицкоски наведедува дека таа претставува провокација за Грција и обид да го врати на преден план прашањето кое е решено крајно и неотповикливо.

„Грција потсетува дека понатамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на нејзиниот сосед предвидува целосно почитување на Договорот од Преспа и, се разбира, воздржување од иредентистички изјави и претензии кон соседните земји“, се наведува во реакцијата на МНР на Грција.

Од Владата денеска без коментар за грчката реакција на изјавата на премиерот Мицкоски.

„Не би имале што повеќе да додадеме од она што веќе премиерот го кажа“, изјави Марија Митева, портпаролка на македонската Влада.

Одговор на рекацијата на грчкото МНР засега не е планиран ниту од страна на Министерството за надворешни работи на Македонија.

Грција претходно реагираше до Македонија за примена и почитување на Договорот од Преспа, во мај откако претседателката Гордана Силјановска Давкова избегна да даде заклетва како шеф на државата со уставното име, Северна Македонија, но и за употреба на името „Македонија“ во изборната кампања на изборите кои се одржаа минатата година.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе