Вести Свет Топ вести

Трамп го повика Путин да стави крај на војната или да се соочи со нови санкции

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на „бесмислената војна“ во Украина или да се соочи со нови санкции. Новоизбраниот американски претседател објави пост на својата социјална мрежа „Трут соушал“, каде изрази блискост кон рускиот народ и потсети дека секогаш имал добри односи со рускиот претседател, но предупреди дека ако не се постигне договор, САД ќе воведат високи даноци, тарифи и санкции на сè што Русија продава на САД и други земји.

Трамп истакна дека ова ќе ја влоши ситуацијата, и нагласи дека време е за договор за да се прекинат жртвите и да се спасат економијата на Русија и мирот во регионот. Одговор стигна и од Москва. Заменик-претставникот на Русија во ОН, Дмитриј Полански, изјави дека Москва треба да види што конкретно вклучува „договорот“ што го предлага Трамп.

Тој нагласи дека не станува збор само за завршување на војната, туку и за решавање на основните причини за украинската криза. Полански истакна дека Трамп не е одговорен за политиките на САД од 2014 година, кои ја направиле Украина „антируска“, но дека сега е во негови раце да ја запре таа политика.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе