Вести Свет Топ вести

Демонстрации во САД против Трамп- тој објави инвестиција од 500 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција

На само два дена од инаугурацијата Трамп е соочен со демонстрации. Стотици луѓе излегоа во Лос Анџелес и во Лас Вегас против извршните наредби на американскиот претседател со кои се стопирани правата на имигрантите. Ставањето крај на една вековна имиграциска пракса позната како државјанство со право на раѓање, дека секој илегалец во САД е приоритет за депортација, вонредна состојба на американско-мексиканската граница беа првите чекори на Трамп по стапувањето на функцијата. Мора да се спротивставиме на тие политики рече Присла Вензор од Лас Вегас, дете на имигранти од Мексико.

  • И ни требаат луѓе кои ќе се организираат и ќе можат да се спротивстават на тие политики што се во тек, затоа што само моќта на луѓето е таа што навистина ќе се погрижи овие политики да запрат во нивното спроведување- Присила Вензор, жител на Лас Вегас.

„Обединети, силни, издржливи“, „Знај ги твоите права“ беа слоганите на стотиците поддржувачи на правата на имигрантите кои се собраа пред презвитеријанската црква Имануел во Лос Анџелес.

  • Излегов овде во поддршка на нашата имигрантска заедница. Многу е страшно време дојде со оваа нова администрација. И сакам да се уверам дека нашата имигрантска заедница, нашата латино заедница, сите знаат дека не се сами- Росио Лопез Метјус, учесник во протест.

Европа мора да „биде подготвена“ и да ги предвиди потенцијалните трговски тарифи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард. Фактот што Трамп не наметна општи царини на првиот ден од неговото претседателствување е „многу паметен пристап… бидејќи општите царини не мора да ги даваат резултатите што ги очекувате“, рече таа.

Додека загриженоста расте и кај Канада, Мексико и Кина, американскиот претседател Трамп се зафати со продажбата на социјалната мрежа Тик Ток, тој го повика Лери Елисон од Oracle да го купи TikTok. Со него и со Масајоши Син од SoftBank и Сем Алтман од OpenAI тој се состана во Белата куќа за да објави ново партнерство во кое се обврза да инвестира најмалку 500 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција. Трамп, на новинарско прашање дали би бил отворен Илон Маск да го купи TikTok, рече дека клучна е дозволата.

  • Би бил отворен ако сака да го купи, да. Би сакал и Лери да го купи. Имам право да склучам договор. Значи договорот за кој размислувам за Лери, ајде да преговараме пред медиумите. Договорот, мислам, е ова. И се сретнав со сопствениците на TikTok, големите сопственици. Безвредно е ако не добие дозвола. Не е како да можеш да ги земеш САД. Целата работа е безвредна. Со дозвола, вреди трилион долари- Доналд Трам, претседател на САД.

Извршнaтa директор на Accenture давател на технолошки услуги ја пофали инвестицијата од 500 милијарди долари за инфраструктура поврзана со вештачка интелигенција.

  • Инвестицијата Stargate е важна поради две причини. Прво, тоа е апсолутна потврда дека вештачката интелигенција е важна за компаниите и земјите. И ова е нешто за што разговаравме. Тоа е многу важна точка на агендата. Второ, ние сме за забрзување на иновациите. Значи, тоа е навистина возбудлив момент, САД имаат одлично лидерство во вештачката интелигенција денес, и се чини дека ќе продолжи да го забрзува тоа лидерство- Џули Свит, главен извршен директор на Accenture.

Според Белата куќа, Stargate, ќе започне со изградба на центри за податоци и производство на електрична енергија потребни за понатамошен развој на брзо-развивачката вештачка интелигенција во Тексас.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе