Вести Свет Топ вести

Бугарија, конечно, доби политичка влада – изгласан кабинетот на Росен Жељазков

Бугарија доби политичка влада, со што се стави крај на политичката криза која траеше повеќе од три години. За владата на премиерот Росен Жељазков гласаа 125 пратеници, a 114 беа против. По години нестабилност и седум парламентарни избори, Жељазков вели дека нема време за губење. Првите 100 дена толеранција одамна минаа, a прва задача на новата влада ќе биде да се влее доверба во државната администрација и да се даде потребниот стимул таа да функционира мотивирано.

За мнинистер за надворешни работи е избран 34-годишниот Георг Георгиев. Тој и беше заменик на Екатерина Захариева за време на нејзиниот мандат од 2017 до 2021 година. Во неколку наврати беше пратеник во Собранието. Тој е магистер по политички консталтинг, а завршил и курс за политички лидери на Стејт департментот, но и курс за дипломатија на Кинеската дипломатска академија.

Познат е по тврдите ставови кон Македонија и аналитичарите очекуваат тој да инсистира земјата да ги исполни условите за да продолжи со европските интеграции.

Лани во септември, тој реагираше на оценката на вицепремниерот Александар Николоски кој го оцени како нецивилизирано непоставувањето на македонското знаме во Софија за време на средбата Сиљановска-Радев.

Уште една груба провокација од официјално Скопје е факт. Добро го познавам нејзиниот автор, поточно поранешниот пратеник и актуелен министер Александар Николоски. Проблемот, сепак, е што на луѓе со сличен менталитет владата на РСМ им дозволува да бидат експоненти на позиции кои во крајна линија се штетни за европската иднина на Поранешната југословенска република. Брисел останува премногу далечна и очигледно недостижна химера за Скопје, кое сè уште не ја сфаќа смислата на европскиот проект“, напиша Георг Георгиев на Фејсбук во септември во 2024 година.

Аналитичарите оценуваат дека ова не е идеална влада, но дека е подобро од продолжување на парламентарната криза во Бугарија.

Македонските власти досега чекаа да се формира стабилна политичка влада во Софија за да разговараат за одблокирање на европските интеграции. Европската унија инсистира Македонија да ги направи уставните измени, а потоа да продолжи по европскиот пат. Официјална Софија вели дека впишувањето на Бугарите во Уставот е европски, а не бугарски услов.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе