Вести Свет Топ вести

Херцог: Договорот ќе донесе моменти на болка и големи предизвици

Израелскиот претседател Исак Херцог, по постигнувањето на договорот за примирје, изјави дека не постои поважна морална и хумана обврска од тоа да се вратат заробените и да се отпочне со процесот на рехабилитација.

Тој истакна дека договорот ќе донесе моменти на болка и големи предизвици, додавајќи дека ситуацијата не е лесна, туку едно од најтешките предизвици со кои Израел се соочува.

– Разбирам и ги уважувам стравовите што ги носи овој договор, особено после траумата што ја имаме од претходните договори и од нападот на 7 октомври“, изјави Херцог.

Тој ги пофали израелските војници, кои повеќе од година дена се борат на фронтовите, поттикнати од храброст.

Многумина од нив како што рече ги дадоа своите животи следејќи ја оваа света задача.

Херцог нагласи дека, иако имаат многу предизвици, Израел мора да ја искористи оваа можност.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе