Вести Свет

Палестинците очајно се надеваат на прекин на огнот – разговорите во Катар покажуваат одреден напредок

Палестинците во Појасот Газа имаат измешани чувства кон пријавениот напредок во преговорите меѓу Хамас и Израел за воспоставување прекин на огнот во палестинската енклава и враќање дома на десетици Израелци држени таму како заложници.

Медхат Муса, раселениот маж од северна Газа, кој се засолни заедно со семејството во јужниот град Кан Јунис, вели дека се надева оти притисокот на САД, вклучително и од новоизбраниот претседател Доналд Трамп, ќе доведе до договор за прекин на огнот.

И Израел и Хамас се под притисок на американскиот претседател во заминување Џо Бајден и Трамп да постигнат договор пред инаугурацијата на 20 јануари.

„Во моментов сме многу оптимисти дека оваа војна ќе заврши, ако даде Бог“, изјави тој за Асошиетед прес.

Сепак, страните и претходно се приближуваа, но разговорите пропаѓаа поради разни несогласувања.

„Слушаме дека има преговори секој ден, но не гледаме ништо“, рече Мазен Хамад, жител на Кан Јунис. „Кога ќе го видиме на теренот, тогаш веруваме дека има примирје“.

Низар Сади, друг жител на Кан Јунис, го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нерањаху за неуспехот да се склучи договор.

„Секогаш кога ќе се приближиме до договор за прекин на огнот, Нетанјаху прави се за да пропадне ова примирје“, рече тој. „Се надеваме дека ќе има прекин на огнот и ако даде Господ, луѓето ќе се вратат во своите домови и ситуацијата ќе се стабилизира.

Последната рунда преговори во Доха е заглавена поради имињата на заложниците што треба да бидат ослободени во првата фаза.

Израел сака гаранции дека заложниците се живи, додека Хамас вели дека по месеци тешки борби, не се сигурни кој е жив а кој мртов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе