Вести Свет

Шолц: Реториката на Трамп против Гренланд, Канада и Панама е причина за загриженост

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека експанзионистичката реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која е насочена против Гренланд, Канада и Панама, е причина за загриженост.

Канцеларот во заминување на Конгресот на неговата Социјалдемократска партија на Германија (СПД) во Берлин рече дека претстојат „неизвесни времиња“ во односите со Вашингтон, оценувајќи дека „одредени сили во Америка“ работат „на уништување на демократските институции на Западот“, објави Блумберг.

Канцеларот посочи дека принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја и дека тоа е суштината на западните вредности.

На партискиот конгрес на СПД, вчера, Шолц и официјално беше номиниран за кандидат за канцелар на претстојните парламентарни избори и беше усвоена изборната програма на партијата.

Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека критиките нема да го вознемируваат Трамп и дека Германија треба да се фокусира на враќање на сопствената економска и воена сила.

Според анкетите, централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ (Христијанската социјална унија на Баварија) има околу 31 отсто поддршка од гласачите, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) има околу 20 отсто, СПД 17 отсто, а Зелените 12 проценти.

Сојузникот на Трамп, американскиот милијардер Илон Маск неодамна ја поддржа AfD пред германските избори закажани за 23 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе