Вести Свет

Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува

Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше Украина како несигурен партнер и рече дека е уморен од нејзиниот претседател Володимир Зеленски кој патува низ Европа „молејќи и уценувајќи“.

Фицо ова го кажа во говор во собраниска комисија, а видеото го објави на својата Фејсбук страница, пренесува Кликс.

Словачката опозиција свика седница на парламентарната комисија и побара Фицо да ја објасни средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин и да каже кои се следните чекори на Словачка во однос на прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина.

Фицо изјави дека се подготвени две решенија за транзит на гас од Украина во Словачка, со кои наводно се согласил и украинскиот премиер Денис Шмихал.

Еден од нив требаше да биде договор меѓу Русија и Азербејџан, што ќе и овозможи на Словачка да добива гас од Азербејџан, но Фицо рече дека Зеленски го нарушил тој договор.

Втората опција е предлогот матичната компанија СПП да основа подружница на руско-украинската граница, за да може гасот да се транспортира до Словачка преку Украина.

Фицо го нарече украинскиот претседател несигурен и рече дека му е „дојден преку глава“.

-Зеленски оди низ Европа, само проси и уценува барајќи пари. Едноставно мора да престане“, рече тој.

Од друга страна, додаде тој, Русија отсекогаш била сигурен партнер во снабдувањето со енергенси.

-За разлика од Украина, Русија никогаш не не измами. Се сеќавам на ситуацијата во 2009 година кога бев во Украина и побарав од украинската премиерка Јулија Тимошенко да ни даде малку гас од резервоарот во западниот дел на Украина и тогаш ми беше кажано да  одам по ѓаволите. Тоа се типичните Украинци, рече Фицо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе