Вести Свет

И покрај примирјето Израел изврши напади во Либан, тврди дека е погодена ракетна база

Израелската војска изврши напад врз ракетни бази на Хезболах во јужен Либан, и покрај договорениот прекин на огнот. Нападот бил насочен против ракетни фрлачи во регионот Набатеа, по неуспехот на либанските вооружени сили да ги неутрализираат милитантите и базите во овој регион на Хезболах.

Либанската агенција АНИ известува за најмалку три израелски напади.

Примирјето од ноември 2024 година иако е во сила, двете страни продолжуваат да се обвинуваат за прекршувања на истото.

Израелската армија најави дека ќе продолжи со елиминирање на заканите за Израел и дека нема да престане да ги напаѓа позициите се додека не се увери дека е безбедно да ги врати своите жители во северните делови од земјата кои во моментов се разелени поради прекуграничните напади.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе