Вести Свет

Најмалку 27 лица загинаа откако бродови со мигранти потонаа кај Тунис

Туниската крајбрежна стража ги извлече телата на 27 африкански мигранти, откако два брода со кои тие се обиделе да го преминат Медитеранот потонале кај градот Сфакс, соопшти полицијата.

Претходно денеска, полицијата соопшти дека крајбрежната стража спасила 87 лица кои биле на истите пловни објекти.

Сфакс често го користеле африканските мигранти како почетна точка за преминување преку Медитеранот.

Минатиот месец, туниската крајбрежна стража извлече тела на околу 30 мигранти по два одвоени инциденти со потонати чамци.

Тунис се бори со невидена миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка и за Тунижаните и за луѓето од многу други делови на Африка кои се движат со чамци на опасното патување низ Медитеранот во потрага по подобар живот во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе