Универзитетот за менаџмент и туризам- Скопје повторно ја врати со слика антикорупционерката Цвета Ристовска во составот на универзитетскиот наставен кадар. Сега е ставена нова слика, од говор на членката на ДКСК, Ристовска во Собранието. Синоќа пак Универзитетот ја тргна сликата на Ристовска откако Телма објави прилог и ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интерес бидејќи го водеше предметот за директорот на АНБ Бојан Христовски во кој меѓу другото беше оспорена и дипломата од Универзитетот и економскиот факултет на кој Ристовска била професорка во време кога директорот дипломирал.
Државната комисија за спречување на корупција не одговори на прашањата, но по објавувањето на прилогот, испрати ПДФ документ со наслов демант тврдејќи дека не се точни наводите во прилогот кои беа најдени и на веб сајтот на ДКСК и на универзитетскиот сајт.
Нашата редакција во текот на вчерашниот ден залудно се обидуваше да стапи во контакт со антикорупциска, но оттаму вечерва убедуваа дека требало да ја побараме лично Ристовска, иако телефонскиот бројот оставен за контакт во нејзината биографија на сајтот на ДКСК, не функционира..
Наместо одговори на прашањата на Телма, ДКСК се огласи со лекции по новинарство дека требало да направиме двојна проверка на оваа официјална информација обајавена на нивниот сајт.
Антикорупциска во ПДФ документот што ни го испрати како демант, нема објаснување ниту зошто на сајот на Универизитеот за менџмент и туризам (Универзитет Скопје)се уште стои сликата на Ристовска како дел од наставниот кадар на оваа образовна инстутуција.
Во текстот негираат судир на интереси на Цвета Ристовска, но, не објаснуваат во која постапка го утврдиле тоа. Постојат законски пропишани процедури за проверка на судир на интереси, а од дописот на ДКСК не е посочено кога, како и кој ја завршил таа процедура за Цвета Ристовски и утврдил дека нема судир на интереси.
ДКСК наведува во својот допис и дека Ристовска магистрирала во 2011-та на Универзитетот за менаџмент и туризам, за чија диплома како дел од предмет таа ја водеше постапката.
На дописот на ДКСК е потпишана Татјана Димитровска, претседателката на Комисијата. Повеќе нејзини поранешни или сегашни соработници (во активности, проекти и стручни предавања) беа изненадени од речникот на наводниот “демант” и ни тврдеа дека Димитровска никогаш не користела таков начин и такво ниво на комуникација.
Миомир Серафиновиќ