Најмалку 11 лица загинаа, а 60-тина се повредени, откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќен саем во германскиот град Магдебург, јави „Билд“. Возачот на автомобилот е уапсен, а германската полиција се сомнева во терористички напад. Според „Велт“, станува збор за маж од Саудиска Арабија кој е роден во 1974 година и не бил познат на германските власти како исламист.
Иницијалните проценки, пак, на градските власти на Магдебург велат едно лице загинало, а над 70 се повредени од кои 15 се наоѓаат во тешка состојба.
Според изјави на сведоци, возачот ја пробил бариерата на саемот и возел цик-цак со намера да прегази што повеќе луѓе. Местото на божиќниот саем е преполно со полиција и екипи на итната медицинска помош.
Локалните власти соопштија дека дел од повредените се во тешка состојба и упатија предупредување до граѓаните да не одат во центарот на градот.
Последен ваков инцидент во Германија се случи во Берлин во 2016 година, кога радикален исламист влета во толпа луѓе со камион, пришто усмрти 13 луѓе, а повреди 67.
Offenbar Anschlag auf den #Weihnachtsmarkt in #Magdeburg.
Alle Jahre wieder im “besten Deutschland das es jemals gegeben hat”.
Wie grauenhaft. pic.twitter.com/lV1abjGgaM
— Dr. David Lütke (@DrLuetke) December 20, 2024