Вести Свет

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Европската унија (ЕУ) подготвува нов пакет санкции против Русија во рамките на 15-тиот пакет мерки по руската инвазија врз Украина. Претставници на земјите-членки на ЕУ веќе ги разгледуваа новите предлози, кои вклучуваат таргетирање на кинески компании кои произведуваат беспилотни летала за потребите на руската војска. Дополнително, нови санкции се разгледуваат и за т.н. руска флота во сенка која се користи за транспорт на нафта и нафтени деривати.

Од почетокот на инвазијата врз Украина, Русија се соочува со голем број на санкции од Западот со цел да се ослабне нејзината економија и да се намали моќта за војување со што би се извршило притисок да се стави крај на војната со Украина. Руската економија досега издржа исправено пред предизвиците, а руските власти изнајдоа голем број начини како да ги заобиколат досега спроведените санкции, иако беше извршен значителен удар врз руската нафтена индустрија што, пак, најмногу придонесува за економијата на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе