Вести Свет

Шест лица осомничени за тероризам во Лондон

Британската полиција денеска соопшти дека уапсила шест лица поврзани со забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во антитерористичка операција.

Четворица мажи и две жени, кои беа уапсени во Лондон, беа приведени според Законот за тероризам од 2000 година, соопшти Метрополитен полицијата.

ПКК, сепаратистичко движење кое бара независна курдска држава во југоисточна Турција и неколку околни земји, е на списокот на Обединетото Кралство на забранети екстремистички организации.

„Акцијата беше започната по значајна истрага за активности за кои веруваме дека се поврзани со терористичката група ПКК. Ова се апсења на оние за кои се сомневаме дека се вклучени во терористички активности поврзани со групата“, се наведува во соопштението.

Полицијата соопшти дека не верува дека постои опасност за јавноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе