Вести Македонија

Комората за вештаци повторно функционира

Одолговлекување на судските процеси заради безброј вештачење повеќе не би требало да има откако од денес повторно е впишана во Централниот регистар и во функција се враќа Комората на вештаци која речиси 8 години беше неактивна.

Министерот за правда, Игор Филков, смета дека со активна Комора за вештаци почнува реформа во правосудниот систем и ќе се обезбеди квалитетно и навремено вештачење а самата комора е механизам за контрола и поддршка на вештаците во македонија.

Претседателот на Комората, проф. д-р Виктор Камнар соопшти дека нови овластени и лиценцирани вештаци ќе има од почетокот на идната година, а постоечките ќе може да ги обноват истечените лиценци.

Министерот Филков и  претседателот на Комората Камнар сметаат дека со ова ќе се зголеми довербата во правосудниот систем и ќе се подобри квалитетот на судските и управните постапки.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе