Вести Свет Топ вести

ЕУ бара од Израел да го oдобри планот за двомесечен мир

Дипломати и други официјални лица велат дека има неколку спорни точки во разговорите за прекин на огнот со цел ставање крај на војната меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, иако се чини дека условите за договор се зрели. Додека се браат отстапки од двете страни шефот на депломатијата на ЕУ денеска од Рим упати молба да престане оваа борба. Засегнатите страни да извршат притисок врз премиерот Нетањаху, кој заседава со советот за безбедност на неговата земја, денеска да го одобри мировниот план.

  • Да извршиме притисок врз Израел за да го одобри предлогот за прекин на огнот денес. Но, слушнав гласови на екстремистичките министри на израелската влада подготвени да ја продолжат борбата, подготвени да продолжат со бомбардирањето. И секоја вечер тие го прават ова врз цивилите. Затоа, да се надеваме дека денес владата на Нетанихану ќе го одобри договорот за прекин на огнот предложен од САД и Франција. Молба престанете со оваа борба, престанете да убивате луѓе и да почнеме да размислуваме за мир- Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на ЕУ.

Договорот, кој треба да донесе двомесечен мир, предвидува Хезболах да ги повлече свои сили повеќе од 30 километри од израелската граница, јужно од реката Литани, а израелската војска да се повлече од либанска територија. Повлекувањето ќе биде придружено со прилив на уште илјадници либански армиски трупи, да патролираат во граничната област заедно со постојните мировни сили на ОН. Ќе биде формиран и меѓународен комитет за следење на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, која беше усвоена во 2006 година за да се стави крај на едномесечната војна меѓу Израел и Хезболах, но никогаш не беше целосно спроведена.

  • Израел и либанската милитантна група Хезболах се чини дека се блиску до договор за прекин на огнот. Соединетите Американски Држави ги водеа напорите за посредување и според овој нов договор Хезболах ќе ги повлече своите сили на повеќе од 20 милји подалеку од израелската граница. Во исто време, Израел ќе ги повлече своите копнени сили од либанската територија Меѓународните мировници на ОН се чини дека се желни да стават крај на оваа војна – Џо Федерман, Асошиејтет прес.

И либанската страна има барања за отворање на преговорите со Израел за 13 гранични спорови долж нивната заедничка граница. Но постои оптимизам кај жителите дека може да се постигне договор во наредните денови. Пред да биде соопштена одлуката на кабинетот за безбедност на Нетанјаху, двете страни се подготвуваат за можноста за уште потешки борби, бидејќи секоја страна се обидува да зададе по еден последен удар пред да стапи на сила потенцијалниот прекин на огнот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе