Вести Свет Топ вести

Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош ќе се брани од слобода

Поранешниот хрватски министер за здравство, Вили Берош, осомничен во скандалот со набавката на медицинска опрема денеска, нешто пред 18 часот беше пуштен од истражниот затвор бидејќи се се земени изјави од сите сведоци и тој ќе се брани од слобода.

Во Жупанискиот суд во Загреб претходно беше потврдено дека Ускок ги известил дека се сослушани сите сведоци поврзани со Берош и дека судијата на истрагата напишал решение со кое Берош е ослободен и во понатамошниот тек на истрагата тој ќе се брани од слобода.

Тој пред новинарите рече дека е невин и дека тоа ќе го докаже на суд.

  • „Не се лутам на никого, им благодарам на институциите што си ја завршија работата. Тоа е мојата порака“, изјави Берош.

Едномесечен притвор за хрватскиот министер за здравство – се сомничи за примање мито и перење пари

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе