Вести Култура Македонија

„Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“ 

Во време кога одредени соседи го негираат македонскиот јазик и идентитет важно е да се посочат и разоткријат  конкретните примери за политички говор на омраза од страна на поранешните бугарски европратеници кои изобилуваат со навреди упатени кон македонскиот народ и иницираат нетрпеливост, дискриминација, па дури и повици за насилство, посочи во своето излагање професор Цветанова во рамки на работилницата на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“

Во рамките на овие политички говори на омраза се вклучени и одредени барања за историски ревизионизам, што значи дека историскиот ревизионизам е во суштина обид за манипулација со историските наративи при што се бара искривување или игнорирање на одредени историски факти како оние за негирањето на посебноста на македонскиот јазик и неговиот историски континуитет изјави проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ

Политичкиот говор на омраза може да се илустрира со најновото актуелизирање на македонското прашање, а со тоа и најновото оспорување на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и континуитет. Артикулирано на експлицитен начин во серија договори и други меѓународни акти кои добија поддршка и легитимитет од меѓународни кругови, па и од самата ЕУ за жал изјави акад Катица Ќулакова

Во контекст на европските вредности важно е да се посочи дека европскиот идентитет како политички концепт пред се се темели на основните европски принципи: слободата, човековите права и еднаквоста и отука може да кажеме дека политичкиот говор на омраза е антипод на европските вредности, вели Цветанова.

Отсуството на соодветен одговор кон земјите членки кои практикуваат говор на омраза во однос на македонскиот етнички, културен, јазичен и национален идентитет може да се сфати како премолчана толеранција на говор на омраза изјави проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ

Според учесниците на оваа работилница во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ беше забележано дека е исклучително важно со научен пристап македонскиот јазик да се извлече од ненаучниот пристап при решавање на важни прашања.

Нина Стефанова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе