Вести Свет Топ вести

Уапсени 11 лица за трагедијата во Нови Сад, приведен и министерот за инфраструктура Горан Весиќ

Канцеларијата на вишиот јавен обвинител во Нови Сад соопшти дека по прибирање и детална анализа на целата потребна документација за изградбата на настрешницата на железничката станица во Нови Сад која се урна и усмрти поголем број лица, извршени се разговори со поголем број граѓани, откако претходно беше извршено вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои се случи несреќата на 20-ти ноември 2024 година.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, денеска се уапсени и приведени вкупно 11 лица, пишуваат српските медиуми.

Според пишувањата во српските медиуми меѓу уапсените е и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. Тој поднесе оставка од функцијата пет дена по трагедијата. Меѓу уапсените е и помошник министерката за железнички сообраќак Анита Димовски, поранешниот директор на Инфраструктура железници Србија, Небошја Шурлан и актуелната директорка на претпријатието Јелена Танасковиќ.

За делото кое се товарат, тешко кривично дело против општата безбедност, е предвидена затворска казна од две до 12 години, информираат од српското обвинителство.

Во инцидентот настрадаа 15 луѓе, двајца сѐ уште се борат за живот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе