Вести Свет Топ вести

Американскиот Сенат го блокираше нацрт-законот за стопирање на продажбата на оружје на Израел

Американскиот Сенат го отфрли предлог-законот за суспендирање на продажбата на оружје на Израел, што беше поднесен поради загриженоста за кршењето на човековите права на Палестинците во Газа.

Седумдесет и девет од 100 сенатори гласаа „против“ резолуцијата со која би се суспендирала продажбата на тенковска муниција на Израел, додека 18 сенатори гласале „за“, а еден воздржан, објавија британските медиуми.

Сите гласови „за“ дојдоа од демократите, додека гласовите „против“ беа и од демократите и од републиканците.

Доколку предлог законот беше одобрен, тоа ќе претставуваше голем пресврт во повеќедецениската поддршка што американскиот Конгрес му ја дава на Израел, кој со години е најголемиот примател на американска воена помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе