Вести Македонија Топ вести

Промената на Уставот не е единственото што го очекуваме од Македонија – Радев на средбата со Сиљановска Давкова во Баку

Владата и собранието да ги спроведат обврските од Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство за Македонија, да не губи историско време на патот за членство во Европската Унија (ЕУ). Ова е пораката која ја испрати денеска бугарскиот претседател, Румен Радев по едночасовната средба со македонската претседателка, Гордана Силјановска Давкова во Баку, на која тие, како што рече, Радев ги отвориле сите прашња, меѓу кое и за промена на македонскиот Устав, за кое тој рече дека не е единствено што Бугарија го очекува од Македонија.

„Не е проблемот само со навременото впишување на Бугарите со Уставот на Северна Македонија, навистина ние очекуваме Владата и Собранието на Македонија најбрзо да го исполнат сè она што е наведено во Преговарачката рамка и во договорот за добрососедство за не губи Северна Македонија историско време за своето членство“, рече Румен Радев, претседател на Бугарија

Со Силјановска разговарале и за говорот на омраза во државните медиуми и како тој да се спречи, но за и содржината во учебниците.

„Мојот повик е, во такви ситуации, ние се согласивме со неа, да размениме информации за достапноста на говорот на омраза до државните национални медиуми. Така ние може да започнеме работа, на добра волја, да се менат некои текстови во учебниците кои не пишуваат добро за нашите односи, во учебницните во Северна Македонија“, изјави Радев.

Радев притоа е на став дека тоа може да се одвива паралелно за да придонесе за градење на доверба меѓу двете земји.

Бугарскиот претседател комуникацијата која ја има со својата македонска колешка ја оцени како конструктивна, отворена и прагматична и која може да води кон развивање на добрососедството меѓу двете земји, при што и порача на македонската влада да го следи нивниот пример што може да придонесе за добрососедството меѓу двете земји.

За средбата со Радев, во рамки на Конференцијата за климатски промени во Азербејџан, македонската претседателка информираше преку соопштение во кое, исто така, се потенцира конструктивна атмосфера на средбата, на која било разговарано, како што стои во сооптението, за унапредување на македонско-бугарските односи и за надминување на отворените прашања меѓу двете држави.

„Двајцата соговорници ги изложија своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции. Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија“, стои во соопштението на Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова притоа, како што наведуваат од нејзиниот Кабинет, нагласила дека односите меѓу двете земји треба да се развиваат врз основа на взаемно почитување, поддршка и активна соработка што би придонело за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците го изгласаа Трајко Славевски за гувернер на Народна банка

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Русија со нов меморандум подготвена за преговори со Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе