Вести Македонија

Осуммина повредени во тепачка меѓу две групи пред ноќен клуб во Штип

Тепачка меѓу две групи од Кочани и од Штип се случила утрово околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип. Осумтемина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во штипската болница. Петмина од повредените побарале помош веднаш по пресметката, а тројца утрово.

Од болницата информираат дека се прегледани на одделенијата за ортопедија и хирургија, констатирани се полесни повреди и се пуштени на домашно лекување. Од штипската полиција потврдуваат дека работат на расчистување на случајот, кој во моментот се води како тепачка.

Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица за да се расчисти овој случај. За физичката пресметка меѓу двете групи од Кочани и од Штип денеска сведочат и трагите од крв, а на полицијата и се познати учесниците во овој инцидент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе