Вести Свет

ЕУ дозволува извоз на вакцини во земјите од Западен Балкан

Вакцинацијата во ЕУ мора да се забрза, а целта останува иста – до крајот на летото да се имунизира 70 % од наслението, рече претседателката на Европска комисја Урсула фон дер Лајен. Но, Европа има нов предизвик, а тоа се мутациите на вирусот. И затоа, посиромашните земји, како и земјите од Западен Балкан ќе бидат изземени од европскиот механизам при извозот на вакцини. Ова значи дека фармацевтските комапнии ќе можат да доставуваат вакцини до земјите од Западен Балкан пред да достави во ЕУ.

Да бидам јасна. Немаме намера да ги ограничуваме компаниите кои ги почитуваат договорите со ЕУ. автоматски се изземени за извоз ОД ЗЕМЈИТЕ ВО ЕЕА, во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји со мали и средни приходи од инструментот Ковакс. Европа е секогаш подготвена да помогне, но инсистираме на фер поделба.

Во своето обраќање пред европските парламентарци фон дер Лајен ја бранеше стратегијата за вакцинација, но призна дека истата е лошо спроведена.

Се уште е факт дека денеска во борбата против вирусот, се уште не сме таму каде би сакале, бидејќи доцна дадовме авторизација. Бевме премногу оптимистични кога станува збор за масовно производство, а можеби и премногу уверени дека она што го нарачавме ќе биде испорачано навреме.

Претседателката ја бранеше Агенцијата за лекови ЕМА, која е сериозно критикувана која за разлика од САД и Велика Британија доцни и со одобрувањето на вакцините. Нема компромис кога треба да се инјектира биолошка супстанца во здраво човечко тело, потсети фон дер Лајен, која додава дека е добро што ЕУ колективно ги нарача вакцините и не им дозволиле на богатите земји набрзина да ги разграбаат. Битката е маратон, а не спринт заклучи фон дер Лајен.

ЕУ потпиша договори за набавка на вакцината со шест компании, за околу 2,3 милијарди дози. Но, Астра Зенека и Фајзер ги одложија испораките што предизвика вознемиреност и критики. Бавното темпо на имунизација ги натера земјите членки, на чело со Германија, да се отворат и за набавка на руската вакцина, која прикажа висока ефикасност во научните истражувања.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе