Вести Свет Топ вести

Прва дебата меѓу Харис и Трамп – може да биде одлучувачка за изборите во САД

Вечерва претстои најважниот момент од претседателската кампања во САД –  дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп.

Сцената во Националниот уставен ценар во Филаделфија е поставена за она што би можело да биде клучен момент во кампањата што води до победа на претседателските избори во САД на 5 ноември.

Двајцата кандидати никогаш не се сретнале, ниту разговарале по телефон, но сега ќе стојат на кратко растојание еден од друг на сцената во Националниот уставен центар.

Двајцата ќе разменуваат критики 90 минути додека одговараат на прашања поставени од двајца водители на „Еј-Би-Си њуз“, и во сала без публика.

Десетици милиони Американци веројатно ќе ја гледаат дебатата меѓу двајцата претседателски кандидати, која би можела да биде единствената во кампањата.

Анкета на „Си-Ен-Ен“ покажува дека Харис е за само еден процентен поен пред Трамп. Останатите национални анкети укажуваат на тесна трка со неизвесен крај, па затоа дебатата е важна – двајцата треба да се покажат во најдобро светло за малиот број гласачи кои се уште не решиле за кого ќе гласаат.

Дебатата се одржува осум недели пред официјалниот ден на изборите, но само неколку дена пред почетокот на предвременото гласање во некои од 50-те држави во земјата.

Засега само уште една дебата е закажана пред изборите.

Кандидатите за потпретседател на САД, Тим Валц демократ и Џеј Ди Венс републиканец, ќе се соочат на 1 октомври во Њујорк на дебата модерирана од „Си-Би-Ес њуз“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе