Вести Македонија Топ вести

Облаци чад над Мариово го попречуваат гаснењето на пожарот од воздух

Мариово денеска е завиено во чад. Воздухопловите не можат да дејствуваат на пожарот во Прилепскиот регион, а на терен со него се справуваат над 200 пожарникари, вработените во Македонски шуми, припадници на Армијата и полицијата, доброволци и месното население, кое си ги бранат селата, фармите и бачилата. Линијата на огнот е подолга од 20 километри. Гори сува трева и борова шума.

Ангелов вели дека поради густиот чад, хеликоптерите и ер тракторите не можат да го гаснат огнот. Шумите, стрништата и пасиштата во  земјава повторно се во пламен. Вчера имало вкупно 27 пожари, од кои денеска активни се четири. Гори и во Општините Долнени ,Чашка на планината Мукос и Чучер Сандево.

Синоќа во Прилеп заседаваше и општинскиот Кризен штаб, а сите сили во моментов се насочени кон огнената стихија во Мариово.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе