Вести Свет Топ вести

Израелскиот министер Бен-Гвир призна дека ги саботира преговорите меѓу Израел и Хамас

Екстремно десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, денеска изјави дека настојува да ги саботира преговорите за примирје во Газа и размена на затвореници со Хамас, пренесува Анадолија.

Се трудам да ги запрам преговорите со Хамас. Држава чии шест заложници беа ладнокрвно убиени, не преговара со убијци, туку ги прекинува преговорите, ги смачкува и престанува да им испорачува гориво и струја, напиша Бен-Гвир на социјалната мрежа Икс.

Израелската војска минатата недела ги извлече телата на шесте израелски заложници од југот на Газа.

Израелските власти го обвинија Хамас за нивното убиство, додека оваа палестинска милитантна група тврди дека тие биле убиени во израелските воздушни напади во Газа.

Бен-Гвир повеќепати се заканувал дека ќе ја урне владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради каков било договор за примирје со Хамас.

САД, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор помеѓу Израел и Хамас за размена на затвореници и прекин на огнот, со цел да се овозможи хуманитарна помош во Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе