Вести Свет

Гроси ќе ја посети нуклеарната електрана во Курск заради проценка на безбедноста

Москва очекува наскоро да го пречека шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во нуклеарната електрана во Курск, а агенцијата потврди дека Гроси е подготвен да ја посети електраната, изјави постојаниот претставник на Русија при оваа меѓународна организација во Виена, Михаил Уљанов.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, веднаш одговори на поканата на Русија да ја посети нуклеарната електрана во Курск, чија безбедност е загрозена поради непромислените и провокативни постапки на украинската страна, соопшти Уљанов на својот Телеграм профил. Тој додаде дека Гроси е подготвен да ја посети електраната за да ја процени ситуацијата и дека ова, со оглед на алармантните околности, може да се случи многу брзо.

Претходно, прес-службата на „Росатом“ извести за влошување на ситуацијата во нуклеарните електрани Курск и Запорожје поради зголеменото гранатирање.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе