Вести Свет Топ вести

Зеленски: Операцијата во Курск има за цел создавање тампон-зона

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека операцијата во руската област Курск има за цел „создавање тампон-зона“. Ова е првпат украинскиот претседател јасно да го посочи целта на нападите на руската територија, пренесува „Скај њуз“.

Претходно, Зеленски изјави дека операцијата, започната на 6 август, има за цел да ги заштити заедниците во пограничниот регион Суми од постојано гранатирање.

Сега нашата примарна задача во одбранбените операции е да уништиме колку што е можно повеќе руски воен потенцијал и да спроведеме максимални контраофанзивни активности, појасни Зеленски во своето ноќно обраќање.

Според него, тоа вклучува создавање тампон-зона на руска територија. Зеленски додаде дека Украина „продолжува да нанесува загуби на Русија“. Тој тврди дека операцијата на Украина во областа Курск нанесува штета на „руската војска, државата, нивната одбранбена индустрија и економијата“.

Украинската војска на 6 август го нападна подрачјето на Курск, заземајќи, според Киев, 82 населени места и 1.150 квадратни километри, со што првпат војната се пренесе на руска територија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе